Неизбежен дел во Бразил е фудбалот на песок

Велемајстори на фудбалската игра чекаат подобар пар - Фелипе и Робињо газат на песок (Фото)

Вардаровиот Бразилец Хуан Фелипе е на продолжен одмор во својата земја, а слободното време го искористи за партија фудбал на песок, во тандем со еден од најдобрите дриблери на сите времиња сонародникот Робињо

објавено: 12 јануари 2018 - 10:30

Вардаровиот Бразилец Хуан Фелипе е на продолжен одмор во својата земја, а слободното време го искористи за партија фудбал на песок, во тандем со еден од најдобрите дриблери на сите времиња сонародникот Робињо.

Тандем на двајца фудбалски виртуози, кои имаат што да покажат и на песочните терени во Бразил.

Фелипе имаше извонредна сезона со Вардар, беше еден од клучните играчи на македонскиот шампион во историскиот поход кон пласман во фазата по групи во Европа Лигата, а Робињо по настапите за Реал Мадрид, Манчестер сити и кинески Гвангжу се врати во својата земја и е член на Атлетико Минеиро.

Најново во Фудбал