РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ Е РЕШЕНИЕ ЗА СТОПЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Велковски на местото на Новак

Украинскиот стопер, Евгениј Новак не може да игра на денешниот дуел против Зенит поради повреда, на негово место во игра ќе биде Дарко Велковски.

објавено: 14 септември 2017 - 13:46

Тренерот на Вардар, Чеде Јаневски вечерва нема да може да смета на Евгениј Новак. Поради повреда искусниот стопер отпаѓа од комбинација, но, за среќа, „црвено-црните“ го имаат македонскиот репрезентативец Дарко Велковски кој што ќе „влета" како „џокер" во дефанзивата.

Велковски има доволно искуство за вакви натпревари, и тој ќе биде стациониран во одбраната покрај капитенот Бобан Грнчаров.

Натпреварот меѓу Вардар и Зенит стартува со почеток во 21:05 часот, вратите на Арената „Филип втори“ ќе бидат отворени од 18:30 часот.

 

 

Најново во Фудбал