ДОГОВОР СО ЧЕЛЗИ ДО 2025

Најскап голман во светот, ама нема да го заборави Енис Барди! (Видео)

Шпанецот Кепа Аризабалага е најскапиот платен голман во историјата на фудбалот, откако Челзи ја активираше откупната клаузула од 80 милиони евра од договорот со Атлетик Билбао. Челзи тука нема да застане, Ковачиќ пристигна на позајмица, а се очекува Фекир за крај на преодниот рок.

објавено: 9 август 2018 - 08:55

23-годишниот Аризабалага дојде на „Стемфорд" Бриџ" со седумгодишен договор како замена за белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа кој се пресели во Реал Мадрид. Така, на тој начин го надмина Алисон Бекер кој пред неколку недели ова лето се пресели од Рома во Ливерпул за 63 милиони евра.

Минатата сезона Кепа седум пати ја зачувал својата мрежа од 30 мечеви во Примера, со 43 примени голови. Исто така, одбранил три пенали, трет на листата во оваа категорија.

„Сините" од Лондон својата нова сезона во Премиерлигата 2018/19 ќе ја започнат в сабота на гостувањето кај Хадерсфилд.

-ПОРАДИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ГОЛОВИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ДИРЕКТНО НА ЈУТЈУБ-

Освен тоа, моментно најскапиот голман во светот дефинитивно нема да го заборави Барди од кој прими два прекрасни погодоци од слободен удар.

Да потсетиме, минатата сезона на „Сан Мамеш" Леванте триумфираше со 1:3 против Атлетик Билбао, Кепа за период од две минути (42. и 44.) не можеше да го запре македонскиот „специјалист".

Најново во Фудбал