ЗА ПРВИОТ НАТПРЕВАР ВО ЛИГА ЕВРОПА

Во продажба билетите за мечот Работнички-Хонвед

Билетите за натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против унгарски Хонвед ќе бидат пуштени во продажба денеска од 12 часот.

објавено: 6 јули 2018 - 11:22

Билетите за првиот европски натпревар на Работнички во новата сезона ќе се продаваат преку продажната мрежа на МК Тикетс, а на самиот ден на натпреварот и на билетарницата во рамките на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот натпревар од стартното квалификациско коло меѓу Работнички и Хонвед се игра на 11. јули со почетокот од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски" во рамките „Куќа на фудбалот" на ФФМ.

Билетите за европскиот натпревар на „романтичарите" се по цена од 200 денари.

Најново во Фудбал