Одличен резултат, но има и реванш

Во Шведска беше песна за Вардар, пред реваншот со Малме македонскиот првак има одличен резултат, 1:1

Вардар одигра одличен, но и многу тежок меч против Малме, а резултатот од 1:1 е одличен пред реваншот во Струмица на 18. јули. Двете екипи бијат битка за пласман во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите

објавено: 12 јули 2017 - 21:02

Вардар одигра одличен, но и многу тежок меч против Малме, а резултатот од 1:1 е одличен пред реваншот во Струмица на 18. јули. Двете екипи бијат битка за пласман во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Вардар можеше и да победи, но на крајот се спаусваше да не биде и поразен. Во првиот дел гостите пропуштиоја неколку зрели шанси, а во главна улога беше Џонатан Балотели. Тој утна од чисти позиции на двапати, но се извади во 63. минута. Тогаш одлично му асистираше на Бобан Николов, кој погоди за 0:1. Вардар во тој момент имаше се во свои раце, но сепак не издржа. Само 12 минути подоцна со удар со глава на 1:1 израмни Франц Брорсон. Од тој момент почнаа маките на Вардар, а само среќата ги спаси гостите од пораз во самиот финиш, кога Андерс Кристијансен со прекрасен удар ја погоди пречката.

Овој резултат е одличен за Вардар, но сепак не е ништо готово, а епилогот ќе биде познат на 18. јули во Струмица. Реваншот почнува во 18 часот.

Најново во Фудбал