Дуел за рехабилитација на 28. септември

Во Трондхајм меч на ранетите лавови - Розенборг и Вардар со највисоки порази на стартот од ЛЕ

Розенборг и Вардар ќе играат меч за рехабилитација на 28. септември во второто коло од Л групата во Европа Лигата. Во Трондхајм на „Леркендал“ стадионот ќе се судрат двете екипи со највисоки порази во првата рунда

 

објавено: 15 септември 2017 - 08:55

Розенборг и Вардар ќе играат меч за рехабилитација на 28. септември во второто коло од Л групата во Европа Лигата. Во Трондхајм на „Леркендал" стадионот ќе се судрат двете екипи со највисоки порази во првата рунда.

Македонскиот првак Вардар го претрпе најтешкиот пораз на домашен терен, а Розенборг е со највисок пораз на гости. Зенит мина триумфално низ Скопје и го победи нашиот претставник со 5:0, а Реал Сосиедад го торпедира Розенборг со 4:0 во Сан Себастијан.

Уште една заедничка нишка имаат двете екипи. Играат на стадиони што ги организираа последните два Суперкуп натпревари во Европа. „Леркендал“ во Трондхајм беше домаќини на спектаклот во 2016 година, кога Реал Мадрид по продолженија ја победи Севилја со 3:2, а Скопје и „Филип Втори“ арената го организираше последниот Суперкуп, летово на 8.август меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кој заврши со нова победа на „кралевите“ од 2:1.

Најново во Фудбал