ЖЕСТОК СУДИР ПОСЛЕ НАЈГОЛЕМОТО ТУРСКО ДЕРБИ ВО ИСТАНБУЛ

Жаилсон си играше со „оган“: И Елмас мораше да спречува поголем инцидент (ФОТО+ВИДЕО)

Тоа е дерби. На страна добриот фудбал, беше за очекување и она што се случи после завршувањето на најголемото турско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче

објавено: 2 ноември 2018 - 21:46

Дуелот на „Турк Телеком" Арената заврши нерешено 2:2, а веднаш по последниот свиреж на главниот судија дојде до жесток судир меѓу играчите на двата тима.

Жаилсон беше стрелец на израмнувачкиот погодок, токму тој го создаде овој хаос на теренот, откако претходно имаа нешто да си кажат Беланда и Солдадо.

Бразилецот ги раздели и му удри шлаканица на Мароканецот, и почнаа со сите сили да го бркаат Жаилсон кој веднаш избега кон соблекувалните и избегна поголем ќотек. А во непосредна близина беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој исто така интервенираше со цел да се избегнат поголеми инциденти.

Најново во Фудбал