РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ ПРОДОЛЖУВА ДА БЛЕСКА

„Златната генерација“ на Македонија со 6:0 го прегази Лихтенштајн

Нашите надежи со гол шоу стигна до нова победа и со максимални девет бода го потврди влезот во Елитната фаза

објавено: 14 ноември 2017 - 14:56

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години со убедлива победа од 6:0 против Лихтенштајн ги заокружи мечевите од групата, за пласман на ЕП. Надежите кои се дел од „златната генерација“ приредија гол-шоу на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на најдобар можен начин потврдија дека имаат голем потенцијал. 

Ова е за прв пат една македонска репрезентација да заврши со максимални девет бода во квалификации. Уште од почетокот на мечот Македонија покажа дека е со класи посилна од противникот. Чурлинов погоди во 3 минута, а четири минути подоцна колевски зголеми на 2:0. До полувремето веќе беше 3:0, благодарение на голот на Митровски. 

Токму Димитар Митровски продолжи да погодува и во вториот дел. Тој постигна „хет-трик“, благодарение на головите во 54 и 73 минута. Во вториот дел, мрежата на гостите ја затресе и Миовски, а на крајот резултатот беше 6:0. 

Македонија претходно во квалификациите со идентични 2:1 славеше над Белгија и Швајцарија кои ја имаа фаворитската улога, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Момците на селекторот Вујадин Станојкивиќ покажаа дека имаме генерација за блескава иднина. 

Најново во Фудбал