НЕВЕРОЈАТЕН КАЛЕНДАР ВО НАРЕДНИТЕ РУНДИ

АБА ќе биде наше „секојдневие“

До првиот ден на март, скоро секој ден на распоредот ќе биде најмалку по еден натпревар од регионалното натпреварување

објавено: 20 февруари 2017 - 15:25

Доказ за силината на АБА лигата дојде з авреме на виекндот. Дури шест екипи кои се дел од Лигата на Јадранот го потврдија својот квалитет. Ги освоија националните купови во своите земји.
Меѓу нив, секако тука станува збор и за Карпош Соколи, за кого титулата освоена во кавадаречки „Јасмин" е првата во историјата на клубот од Карпош.
Но покрај нив, „побогати" за уште по еден трофеј станаа и екипите на Црвена Звезда во Србија, Цедевита во Хрватска, потоа Будуќност во Црна Гора, Олимпија во Словенија, и на крајот Игокеа како најдобра во куп-натпреварите во БиХ.
Токму „продолжениот викенд" во куп-натпреварувањата донесе и сериозни проблеми во календарот на АБА лигата. Затоа што практично од денеска се влегува во завршниот дел кој треба да симне доста дилеми, најмногу во битката за опстанокот, особено ако се знае и кои четири екипи ќе играат во плеј-фот.
Во преостанатите четири кола од регионалното натпреварување, ќе биде решено како екипите на Цедевита, Будуќност и Партизан ќе се распоредат од втората до четвртата позиција (првата е веќе сигурна за Црвена Звезда).


И што е поважно за нас, кој тим со освојувањето на последното место ќе го загуби правото на настап во сезоната 2017/2018.
Инаку 23. коло почна уште минатиот втoрник, со натпреварот во кој нашиот Карпош Соколи беше совладан од лидерот, Црвена Звезда (61:98), на барање на „црвено-белите" кои оваа недела имаат меч во Евролигата (против Галатасарај).
Вечерва е градското дерби на Загреб, дуелот Цибона-Цедевита, а потоа, во вторник ќе играат ФМП и МЗТ Скопје. Во среда се предвидени средбите, Морнар-Мега Лекс, Олимпија-Будуќност, и Игокеа - Крка, за конечно во петок ќе се сретнат Партизaн и Задар за да го затвора ова „најдолго" коло во историјата на АБА лигата.
Затоа пак буквално 10-15 минути по крајот на меечот во Белград, Цедевита и Карпош Соколи ќе го отворат 24. коло, кое патем кажано ќе продолжи во сабота и недела, но ќе трае се до 1. март (среда), кога ќе играат Задар и Цибона.

Најново во Кошарка