СИНИША ШТЕМБЕРГЕР ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА

АБА-лигата доби нов поентерски „крал“

Регионалната кошаркарска АБА-лига доби нов поентерски „крал“ за време на 13-тото коло кое се одигра изминатиот викенд.

објавено: 7 декември 2015 - 08:11

Претходен лидер на поентерската листа беше искусниот хрватски кошаркар Синиша Штембергер, но сега, „крал“ е Небојша Јоксимовиќ од Цибона. На натпреварот против Будуќност тој постигна 11 поени и дојде до бројката од 2.479 постигнати поени, или седум повеќе од претходниот лидер (2.472 поени).

Зад новиот рекордер покрај Штембергер се Марино Баждариќ и македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски. До рекордот Јоксимовиќ дојде играјќи за Хемофарм, Игокеа, Олимпија, Крка и Цибона.

Најново во Кошарка