Поради некоректните изјави во јавноста...

АБА лигата го казни Карпош Соколи со 12.000 евра!

Скапо ќе ги чини раководните луѓе на клубот од Карпош коментирањето против АБА лигата...

објавено: 17 јули 2017 - 14:19

Екипата на Карпош Соколи заработи парична казна во висина од 12.000 евра, објави менаџментот на АБА лигата на својата официјална веб-страница.

Од АБА лигата пронашле дека изјавите кои ги дал тимскиот претседател на нашиот претставник во ланското издание на лигата, Огнен Дедиж, се крајно некоректни. И дека според нив, предизвикале штета и кај спонзорите, но и за имиџот на лигата во целост. 

И дека согласно со пропозициите за натпреварување, кои се обврзувачки спрема клубот, Карпош Соколи мора да сноси и соодветни санкции. 

Со огелед на тежината на прекршувањето на пропозициите, а по препорака на Претседателството на лигата, најавено е дека Карпош Соколи може да добие уште поголема казна. Односно забрана за настап од неколку години во сите натпреварувања организирани од страна на АБА лигата.

Најново во Кошарка