БОСАНСКИТЕ МЕДИУМИ НАЈАВУВААТ:

АБА лигата ќе се прошири, но се укинува АБА 2?!

Во наредната сезона АБА лигата би требало да биде затворено натпреварувaње, пренесуваат некои медиуми во БиХ.

објавено: 4 февруари 2018 - 21:15

Во наредната сезона АБА лигата би требало да биде затворено натпреварувaње, пренесуваат некои медиуми во БиХ.

Според порталот "БХ баскет", идејата е лигата да брои 14. клубови, односно на крајот на оваа натпреварувачка сезона нема да испадне ниту еден клуб, односно да нема право на настап во тоа натпреварување во следната сезона.
По автоматизам, следува и укинување на АБА 2 лигата, затоа што ако шампионот на ова второ според квалитетот, натпреварување, не влезе во АБА лигата, тогаш и самото тоа станува бесмислено.
Како што наведуваат Босанците, многу работи во АБА лигата делуваат бесмислено. И дека доколку се усвои оваа идеја, тогаш сето тоа води кон целосен дебакл на Лигата на Јадранот.
Според нив, АБА не е, ниту пак смее да биде затворено натпреварување со 14 одбрани екипи- клубови, затоа што на тој начин ќе се скрати и правото, и ќе се убие последната надеж на некои порано големи клубови, да дојдат во конкуренција, со овие сега најдобрите во регионалното натпреварување.

Најново во Кошарка