ДИРЕКТОРОТ НА ЛИГАТА НА ЈАДРАНОТ ИНДИРЕКТНО НАЈАВУВА:

АБА лигата повторно со 14 клубови, МЗТ ќе „плива" на Јадранот и догодина?

„Според пропозициите, последниот би требало да испадне, но неслужбено, се водат разговори во кои статусот на овие 12. клубови би се замрзнал на една сезона. Но сето тоа е во облаци, и ниту еден официјален разговор не е воден на таа тема" - признава Крешимир Новосел...

објавено: 9 февруари 2018 - 13:14

Голема е веројатноста актуелниот македонски првак, и претставник во АБА лигата, МЗТ Скопје и понатаму да го ужива тој статус на Јадранот.

Односно и во следната година да биде дел од друштвото наречено АБА Јадранска лига, кое се поизвесно, ќе биде проширено на 14 клубови учесници.
Макар и во една завиена форма, или како што се вели „во ракавици", тоа го најавува и директорот на АБА лигата, Крешимир Новосел.
На гостување на ТВ „Арена Спорт", Новосел наговести дека ќе дојде до проширување.
Во таа прилика го најави и Собранието на клубовите (кои одлучуваат за се), кое ќе се одржи во текот на овој месец, а јасен одговор Лига 12 или Лига 14 ќе има по истекот на оваа сезона.

„Клубовиге се сопственици и тие одлучуваат. Ќе зборуваме за сите минуси и плусеви, и за едниот, но и за другиот систем на натпреварување, и ќе донесеме одлука, секако, најдобра за иднината на кошарката во регионот"- објасни Новосел.

На директното прашње „Дали проширувањето на 14 клубови значи дека последно пласираната екипа во оваа сезона испаѓа", Новосел најави еден дипломатски епилог:

„Според пропозициите, последниот би требало да испадне. Но неофицијално, се водат разговори како за една година би се замрзнал статусот на овие 12 клубови. Сето тоа е во облаци, и ниту еден службен разговор на таа тема не е воден" - објасни Новосел.

Ако се остане вака, извесно е дека МЗТ Скопје и понатаму „ќе плива" во водите на Јадранот.
На радост на големиот број приврзаници на „сино-белата" боја на клубот од Аеродром.

Најново во Кошарка