МАКЕДОНИЈА ПО ШЕСТ ГОДИНИ БЕЗ ПРЕТСТАВНИК

АБА ПОТВРДИ: МЗТ Скопје во Втора лига, Работнички може да сонува за излез на „Јадранот“

АБА-лига на својата официјална страница потврди дека МЗТ Скопје дефинитивно го губи своето место во ова натпреварување, бидејќи оваа сезона заврши на последната позиција на табелата.

објавено: 13 март 2018 - 19:00

АБА-лига на својата официјална страница потврди дека МЗТ Скопје дефинитивно го губи своето место во ова натпреварување по шест години настап, бидејќи оваа сезона заврши на последната позиција на табелата. На Собранието кое пред малку заврши беше потврден новиот систем за натпреварување, според кој нема да се зема во предвид коефициентот на бодување според кој екипите од СФРЈ беа рaнгирани. Во иднина нема да се дозволи директен влез или начинот на кој се промовираше МЗТ Скопје.

На местото на македонскиот шампион ќе влезе првопласираната екипа од АБА 2 лигата, а додека шанса за настап во најсилното јадранско натпреварување ќе има и второпласираниот тим, кој ќе игра бараж меч со претпоследно пласираната екипа од АБА-лига, во случајов тоа е Цибона.

Најавите дека Работнички ќе го гледаме во ова натпреварување следната сезона паѓаат во вода, тимот од „Градски парк“ засега може да сонува дека ќе се најде меѓу најдобрите екипи. Единствен начин за да влезе во АБА-лигата е прво да се натпреварува во Втората лига.

Следната сезона ќе учествуваат: Црвена Звезда, Партизан, Мега Бемакс, ФМП од Србија, Цедевита, Цибона, Задар од Хрватска, Будуќност и Морнар од Црна Гора, Олимпија од Словенија, Игокеа, и шампионот од Втората лига.

 

 

Најново во Кошарка