ПО ДЕБАКЛОТ ВО БЕЛГРАД

АКО ПОСТОИ УТЕХА: Трајковски најефикасен играч за шестото коло во АБА

Со 30 постигнати поени во убедливиот пораз (112-73) на гостувањето кај Црвена звезда, кошаркарот на МЗТ Скопје, Бојан Трајковски, го доби признанието за најефикасен играч на шестото коло во АБА-лигата, со девет поени повеќе пред Дерек Нидам од Морнар и Никола Ребиќ од Мега Бемакс.

објавено: 31 октомври 2017 - 11:55

Со 30 постигнати поени во убедливиот пораз на гостувањето кај Црвена звезда, кошаркарот на МЗТ Скопје, Бојан Трајковски, го доби признанието за најефикасен играч на шестото коло во АБА-лигата, со девет поени повеќе пред Дерек Нидам од Морнар и Никола Ребиќ од Мега Бемакс.

МВП признанието за најкорисен кошаркар на рундата заврши во рацете на Урош Луковиќ, некогашниот играч на МЗТ Скопје. Против Задар постигна 18 поени, седум скока и четири блокади за индекс рејтинг од 31, што беше најголема меѓу сите кошаркари во регионалното натпреварување.

 

Најново во Кошарка