Конечно и МЗТ има со што да се гордее

Андреј Настовски се запиша во историјата на АБА-лигата (ВИДЕО)

Кошаркарот на актуелниот македонски шампион, Андреј Настовски е намјладиот играч кој заиграл во историјата на АБА лигата со 16 години и успеал да се запише во листата на стрелци.

објавено: 6 март 2017 - 21:26

И МЗТ Скопје конечно има со што да се гордее во најлошата сезона во АБА-лигата. Кошаркарот на МЗТ Скопје, Андреј Настовски влезе во историјата во јадранското натпреварување, како најмлад играч кој заиграл во оваа лига со 16 години и се запишал во листата на стрелци.

Настовски одигра три минути успеа да постигне два поени во убедливиот пораз на гостувањето кај Будуќност од 92:61.

Инаку, овој млад кошаркар по осум години минати во КК Јуниор, минатата сезона дојде во редовите на МЗТ Скопје.



Најново во Кошарка