МАКЕДОНСКИОТ КОШАРКАР СЕ ПОШЕГУВА

Антиќ: Чувам бејзбол палка во соблекувалната за помладите

Македонскиот кошаркар со десет поени во дебито во дресот на Црвена Звезда која на домашн терен го совлада Мега Лекс со 90:80 во рамките на второто коло. 

објавено: 5 октомври 2017 - 08:50

Минаа десет години од последниот настап на Перо Антиќ во дресот на Црвена Звезда, но судејќи според вчерашниот меч, некогашниот македонски репрезентативец исто како никогаш да не го напуштил овој клуб.

„Пресреќен сум што се вратив на теренот, ова ми е прв натпревар после четири месеци. Физички се уште не сум максимално подготвен, затоа тренерот треба полека да ме враќа во ритам. Среќен сум поради победата, одиме понатаму", изјави по мечот Перо Антиќ.

Шутот и натаму го служи искусниот кошаркар, кој доби овации од трибините, а тоа го награди со тројка.

„Шутот е единственото нешто што остана да ме служи на овие години (се смее). Овациите на „делиите" треба да се доживеат, затоа ги обожавам. Им благодарам за се. Сè е исто како и во 2005 година, чекав десет години за да повторно заиграм за Звезда. Пионир остана истиот, како и соблекувалната, ништо не се променило. Ми се враќаат сеќавањата.

Антиќ за српските медиуми открива зошто има одличен однос со младите соиграчи.

„Имам бејзбол палка во соблекувалната (се смее). Се шегувам...Имаме млади играчи, доаѓа Евролига, ќе се бориме, ќе има простор за напредок. Сигурен сум дека Србија ќе добие играчи за репрезентација. Се надевам дека и Македонија ќе има сличен проект. Идеме чекор по чекор, не се летаме".

Најново во Кошарка