НЕВЕРОЈАТЕН МЕЧ ВО БЕЛГРАД

БРОЕЈА ДО 221: Партизан и Игокеа играа за историјата на АБА лигата (ВИДЕО)

Двете екипи заедно, за 40. минути уфрлија 221. поен, а само еден меч во претходните 17 сезони на Јадранската лига бил поефикасен, а во кој не се играле продолженија...

објавено: 22 октомври 2017 - 13:00

Неверојатно ефикасен, и слободно може да се каже луд натпревар одиграа екипите на Партизан и Игокеа. Во петтото АБА коло, во Белград на семафорот во салата „Александар Николиќ стоеја некои НБА бројки...

Или (117:104) во корист на домашната екипа, или 221. поен на двете страни, без да се игра некое продолжение од пет минути....


Сепак погледот низ историјата на Јадранското натпреварување донесува факт дека ова не е и најефикасниот меч одоигран во оваа конкуренција.
Во овие 17. години од постоење на АБА лигата е втор на ранг листата на мечеви во кои не се играни продолженија.
Она прво место го држи дуелот помеѓу екипите на Задар и на Макаби од Тел Авив одигран пред 15. Години. Тогаш, поточно на 13. октомври 2002 година во „Јазине", Задар ја изненади „Гордоста на Израел" и победи со (115:110).
Со ова издание Партизан и Игокеа го надминаа ланскиот скор на Морнар и Задар кои во Бар стигнаа до бројката од 214 реализирани поени (исто така без продолженија, 110:104 за гостите).
Во последниот квартал од тој дуел беа постигнати неверојатни 73 поени (четвртината заврши со резултат 39:34).
Инаку, ако се гледаат резултатите со продолженија, најмногу поени се видени на натпреварот помеѓу Будуќност и Сплит од 2003 година. Тогаш тимот од Подгорица победи со (118:116), но после десет додатни минути играње.
На навивачите на Партизан им е познат еден сличен меч. Оној во Љубљана, од сезоната 2015/2016 кога во три продолженија паднаа пред „змаевите" со (115:118).
Во „вкупниот палсман" овој меч го зазема седмото место на вечната листа на натпревари со најмногу дадени поени. Поточно го дели тоа место со дуелот Задар-Партизан виден во 2006 година во хрватското пристаниште.

Тогаш победија „црно-белите" со 111:110, односно со идентичен број на поени на двете страни - 221!
Тоа би требало да личи на една вистинска кошарка, иако тренерите знаат да се оправдаат со теоремата дека одбраните како и да не постоеле!

 

 

Најново во Кошарка