КАРПОШ СОКОИ ЌЕ ГО ПРОВЕРИ КОРПУЛЕНТНИОТ ЦЕНТАР

Буниќ - привремено центарско решение за „соколите“?

Српскиот интернационалец со боснаско потекло, Душко Буниќ (207см-1989год), ќе биде ново, и многу извесно, привремено решение за упразнетата центарска позиција во редовите на Карпош Соколи.

објавено: 28 ноември 2016 - 13:57

Српскиот интернационалец со боснаско потекло, Душко Буниќ (207см-1989год), ќе биде ново, и многу извесно, привремено решение за упразнетата центарска позиција во редовите на Карпош Соколи.
Еден би се рекло веќе искусен кошаркар, и пред се познат на кошаркарската јавност во Македонија, затоа што во ланската сезона го носеше дресот на екипата на МЗТ Скопје.
За разлика од некои претходни, не баш идеални решенија, раководниот тим на тимот од Карпош испланира Буниќ да дојде во Скопје. Да одработи соодветен број на тренинзи по што ќе биде познато дали и колку време ќе остане со екипата која полека но сигурно почна да заличува на „јадранска".
Буниќ би требало да биде соодветна замена за Британецот Рајан Рејнолдс, со кого „соколите" предвремено ја прекинаа соработката, пред се поради разочарувачките игри, и пред се однос кон професионалните обврски.
Корпулентниот Буниќ важи за кошаркар кој во својата кариера има освоено и златен медал со српската репрезентација. И тоа на Универзијадата во 2011 година, а во Скопје доаѓа како „слободен агент", и играч кој во изминатиот период беше без обврски.
Претходно беше дел од екипата на Игокеа, а има настапувано и во Будуќност од Подгорица, новосадска Војводина, Металац и Спартак од Суботица.
Како играч на МЗТ Скопје овој 27 годишен кошаркар лани одигра 25 мечеви во Лигата на Јадранот и притоа реализираше просечни 6.3 поени, и 3.9 скокови.
Одигра и 21. меч во нашата Прва лига, и дојде до просек од 8. поени и 4.5 скока, но исто така со лоша реализација, пред се на слободните фрлања (само 49.1%), кои се неговата „слаба точка".

Најново во Кошарка