Не им оди на „црвено-белите“ во АБА лигата

Цедевита ја скисна Црвена Звезда, Антиќ броеше до 11

Црвена Звезда претрпе нов пораз на Јадранот, вечерва во Загреб од Цедевита во ново дерби за „црвено-белите“ и нашиот Перо Антиќ

објавено: 22 октомври 2017 - 19:03

Црвена Звезда претрпе нов пораз на Јадранот, вечерва во Загреб од Цедевита во ново дерби за „црвено-белите" и нашиот Перо Антиќ.

По блескавата победа во Евролигата против Барселона, белграѓани повторно налетаа на мина во АБА лигата и сега имаат два порази, по оној од Будуќност. Цедевита беше подобра и славеше со 79:74.

Антиќ одигра солидно и беше трет стрелец кај гостите со 11 поени и 6 скока. Рочести беше најефикасен кај поразениот состав и на мечот со 18 поени, а Муса кај домаќините постигна 17 поени.

Најново во Кошарка