АВ ОХРИД ПРЕДВРЕМЕ СЕ ПРЕДАДЕ...

ЧОЧОРОСКИ СО ПРАШАЊЕ: Не знам зошто се предадовме во последната четвртина?

Петар Чочороски го признава поразот, на крајот и убедлив, изразен со 20. поени негатива (62:82), против чачански Борац. Но тренерот на АВ Охрид е изненаден од случувањата во последниот период од овој деби настап на „галебите" во АБА 2 конкуренцијата.

објавено: 11 октомври 2017 - 20:33

Петар Чочороски го признава поразот, на крајот и убедлив, изразен со 20. поени негатива (62:82), против чачански Борац. Но тренерот на АВ Охрид е изненаден од случувањата во последниот период од овој деби настап на „галебиоте" во АБА 2 конкуренцијата.
Смета дека немало никакви причини неговите играчи да „кренат раце" од натпреварот.

„Резултатски минавме лошо, но игравме добро. Не знам зошто се предадовме во последната четвртина, иако губевме десетина разлика. Натпреварите во АБА лигата ќе ни послужат за добро искуство и за акумулирање на самодоверба".

По стартниот неуспех во регионалната лига, и Станислав Цонков размислува слично како и Чочорски...

„Последната четвртина беше решавачка, бидејќи дотогаш, иако губевме, од време на време се враќавме и држевме резултатска неизвесност. Ние имавме некои избрзани шутеви и технички грешки, тие то искусно го казнуваа и заслужено се израдуваа на победата"- искоментира бугарскиот интернационалец во редовите на АВ Охрид.

 

Најново во Кошарка