БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО БЕЛГРАД

Црвена Звезда на „половина пат“ до финалето

Лидерот во регуларниот дел за кратко време беше по втор пат подобар од подгоричка Будуќност (82:67), доволно за водство од (1-0) во серијата “подобар од три“

објавено: 19 март 2017 - 20:49

Кошаркарите на Црвена Звезда ја искоистија предноста на домашен терен и во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот од АБА Jадранската лига беа подобри од подгоричка Будуќност.

Славеа „црвено-белите“ пред својата публика во салата „Александар Николиќ“ во Белград со сигурни (82:67).

Ден порано, Цедевита го совлада вториоt белградски тим во ова полуфинале, Партизан (83:76), и исто така се стекна со почетен капитал пред вторите натпревари од серијата кои се играат на 25 односно на 28 март.

Најново во Кошарка