Американецот бомбардираше од далечина

Дилан без утка нареди 7 тројки (Видео)

Кошаркарот на Црвена Звезда, Енис Дилан приреди фантастично шутерско шоу против Цибона и нареди 7 тројки без утка

објавено: 12 март 2018 - 22:18

Кошаркарот на Црвена Звезда, Енис Дилан приреди фантастично шутерско шоу против Цибона и нареди 7 тројки без утка. И единственото промашување на мечот му беше со удар за два поени, па последниот меч на Црвена Звезда во регуларниот дел од АБА лигата го заврши со 21 поен.

Првопласираната екипа на Јадранот славеше убедливо против загрепчани со 107:69 и тоа и без помош на Перо Антиќ, кој беше во составот, но не играше.

Црвена Звезда ќе игра против Морнар во полуфиналето на АБА лигата, а втората двојка што ќе бара влезница за големото финале е Цедевита - Будуќност.

Најново во Кошарка