Српскиот интернационалец повеќе не е член на К.Соколи

Дувњак ги замени „соколите“ за Аполон Патра

Српскиот кошаркарски интернационалец, Урош Дувњак спогодбено го прекина договорот со Карпош Соколи и кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Аполон Патра.

објавено: 14 ноември 2016 - 14:15

Урош Дувњак повеќе не е член на Карпош Соколи. Српскиот кошаркарски интернационалец ги откачи „соколите“ за грчкиот прволигаш Аполон Патра. Искусниот бек настапи на сите девет досегашни средби во АБА-лигата и имаше просек од 5,2 поени.

„Управата на Карпош Соколи му се заблагодарува на прикажаното во дресот на нашиот клуб и му посакува сѐ најдобро во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Карпош Соколи, кој ја забележа првата победа во АБА-лигата, откако ја совлада Будуќност.

 

Најново во Кошарка