ЕКС-СЕЛЕКТОРОТ СО ПОТИКНУВАЧКИ ЗБОРОВИ ЗА НАШИОТ ПРЕТСТАВНИК

ЏИКИЌ: Во овој состав, МЗТ не е за последно место во АБА лигата

„МЗТ Скопје, во овој состав, во кој се новите играчи како Мавра, Спасојевиќ, Мајсторовиќ не е за да биде последна екипа во лигата. Го покажаа тоа и на натпреварот со Олимпија во Љубљана кога загубија на 'една топка'“- потенцираше некогашниот македонски селектор, а сега прв тренер на подгоричка Будуќност.

објавено: 19 ноември 2017 - 22:00

Тренерот на Будуќност, Александар Џикиќ не одржа некоја од неговите спектакуларни прес-конференции. Делуваше доста мирен, можеби и помалку заморен од серијата на средби и пред се патувања. Па стигна да изанализира дел од работите кои ги донесоа овие 40. минути во кои Будуќност потврди дека е далеку поквалитетен тим од оној кој сега го има МЗТ Скопје.

„Па поздрав пред се до сите вас. За нас пак ова беше натпревар на кој му пријдовме максимално, и кој го подвлековме како опасен. Од проста причина што доаѓа пред оваа пауза, и што МЗТ Скопје во овој состав, во кој се новите играчи како Мавра, Спасојевиќ, Мајсторовиќ не е за да биде последна екипа во лигата. Го покажаа тоа и на натпреварот со Олимпија во Љубљана кога загубија на 'една топка'.
Ние се спремивме колку што можеме, од проста причина што имаме одиграно многу натпревари за кратко време. Моите играчи ги мотивираше, во на најава, потсетувањето на ланскиот пораз овде во Скопје. Беше како предизвик плус за нив да играат подобро.
Екипа во која ги имате Трајковски и Спасојевиќ како стартери и две високи 'четворки', тоа е проблем за сите па и за нас. Но ние се обидувавме да држиме висок ритам, тоа и го правевме, и мислам дека тоа и пресуди"- изнанализира во неколку реченици некогашниот македонски селектор, а сега прв тренер на подгоричка Будуќност.

Најново во Кошарка