ЃОРЃИ КОЧОВ ПРЕЗАДОВОЛЕН ОД КАЧУВАЊЕТО ПО ЛОВЌЕН:

„Феноменално второ полувреме"!

Несреќниот пораз од Приморска, прв за МЗТ Скопје на домашен терен беше брзо архивиран. Онака како што тренерот Ѓорѓи Кочов и најави само некоја минута подоцна по завршувањето на тој дуел со лидерот на табелата во АБА 2минатата недела во Скопје

објавено: 9 јануари 2019 - 21:08

Порача младиот тренер на МЗТ Скопје дека веднаш се насочуваат кон Цетиње. И не беше далеку од предвидувњата дека може да се игра против Црногорците и да се поправи загубеното во дуелот со Словенците.
Го потврдија тоа „металците" со убедливата победа вечерва против екипа која досега играше можеби и најдобра кошарка во АБА 2 конкуренцијата.

„Одигравме еден квалитетен натпревар во кој оставривме многу важна победа. Во првото полувреме ја одржувавме предноста од шест-седум поени. Во продолжението, засиливме, и одигравме фантастишно второт полувреме. Оттука, сметам дека вечерва славевме заслужено"- кратко говореше Кочов на прес-конференцијата.

Миодраг Kадија призна дека загубиле од подобра екипа.

„МЗТ Скопје одигра подобро од нас. Нешто слично на оној меч во првиот дел кога загубивме во продолжението. Тогаш имавме и два напади за победа. Можеби мислевме дека вечерва ситуацијата ќе биде нешто полесна. но секако, сметам дека не може да се потцени екипа која според квалитетот е втора на табелата. Вечерв не бевме вистински. Можам да кажам дека победи подобриот и им посакувам добар резултат во оваа година"- рече тренерот на домашната екипа.

Најново во Кошарка