АБА ЛИГАШОТ НАЈДЕ ЗАСИЛУВАЊЕ НА БЕКОВСКАТА ПОЗИЦИЈА

Филип Шепа се врати во Карпош, ќе игра за „соколите“

По кратка пауза, српскиот интернационалец повторно ќе го облече дресот на нашиот претставник во АБА лигата.

објавено: 4 јануари 2017 - 00:40

Филип Шепа е нов-стар играч на екипата на Карпош Соколи. Српскиот интернационалец ги прифати понудените услови од страна на нашиот претставник во АБА лигата, па практично по пауза од неколку месеци одново ќе го облече дресот на тимот од населбата Карпош.

И лани Шепа беше дел од „соколите“. Одигра 32. натпревари во македонскиот шампионат и притоа во просек реализираше по 12.3 поени, 3.1 скока и 2.7 асистенции.

Во овој прв дел од сезоната беше во Романија, и играше за екипата на Крајова каде на осум средби запиша просечни 8.6 поени, 4.3 скока и 3.3 асистенции.

Претходно, во сезоната 2014/2015, Шепа беше дел од екипата на Кожув од Гевгелија, и на 13 средби за „црвено-белите“ во БИБЛ лигата во просек бележеше по 11.8 поени, 2.8 скока и 2.8 асистенции.

Тој доаѓа во Карпош Соколи на местото на хрватскиот интернационалец Горан Врбанц со кого пред некој ден беше прекината понатамошната соработка.

Најново во Кошарка