ЖЕЉКО ЛУКАЈИЌ ЗА УШТЕ ЕДЕН НЕПРИЈАТЕН ПОРАЗ НА МЗТ ВО АБА

Ги повторивме грешките, Павличевиќ ќе биде казнет, тоа нема да се повтори додека сум јас тренер на МЗТ!

„Има напредок, желба, работиме, но не можеме да го приведеме мечот до крај и да победиме. Како ние да сме млад тим а не ФМП. Треба трпение и да се размислува на следните мечеви. Откако сум дојден тука не сум имал 12 играчи на тренинг“.

објавено: 22 декември 2017 - 22:42

Тренерот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ беше видно разочаран. не само од поразот од ФМП (67:72), туку и од однесувањето на Никола Павличевиќ, кој влезе во непотребна расправија со навивачите на МЗТ Скопје. 

„Прво да им се извинам на навивачите за поразот и да им честитам на навивачите за тоа што не бодрат вака. Го повторивме истите грешки. Има напредок, желба, работиме, но не можеме да го приведеме мечот до крај и да победиме. Како ние да сме млад тим а не ФМП. Треба трпение и да се размислува на следните мечеви. Откако сум дојден тука не сум имал 12 играчи на тренинг. играчите имаат страв. Дури 19 играчи поминаа низ тимот и иако има искусни, сепак не се воиграни.

Што се однесува до однесувањето на Никола тој сигурно ќе биде казнет.Јас им се извинив на навивачите и ова веќе нема да се повтори додека сум јас тренер на МЗТ“- пораша искусниот стратег на „метлаците“ који не излегоа од црната поразителан серија во АБА лигата. 

Најново во Кошарка