АВ ОХРИД ВО ИСТА, ПОРАЗИТЕЛНА НАСОКА

И Ловќен не е лесен за искачување

Охриѓани одиграа добро прво полувреме, немаа сили за второто, па повторно убедиво загубија (75:96)...

објавено: 10 јануари 2018 - 19:00

Нешто подобра „слика" во Охрид, но крајниот резултат налик на оние претходните.

Во 13. коло од втората АБА лига, АВ Охрид загуби по 12. пати.
Подобри од нив, особено во второто полувреме, беа гостите од Цетиње. На крајот сето тоа делува и убедливо.
Во салата „Билјанини извори", црногорска победа...
АВ ОХРИД – ЛОВЌЕН 75:96 (20-21; 21-23; 16-27; 18-25)
Евидентно е дека домашната екипа прикажа далеку подобра игра во првото полувреме, во кое беа потполно рамноправен противник, за што говорат и оние (44:41), кои ги имаа гостите од Цетиње по 20.минути игра.

Но по големиот одмор, се некако тргна наопаку за тимот кој го предводи Петар Чочороски.
„Охридската читанка" се сведе на две имиња, Кенет Рос и Мартин Јунаковиќ. Нивните 49. комбинирани поени (26 плус 23), не беа соодветно испратени од соиграчите.
На другата страна блескаше Јелениќ. Одличниот шутер уфрли дури 31.поен, но затоа пак доби и „логистика", пред се и од другите, оние поискусни играчи како Поповиќ (17), Кољевиќ (16), и Албијаниќ, кој уфрли 11. поени.

Најново во Кошарка