МЗТ СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ПРЕТСТАВНИК И ВО ЈУНИОРСКАТА АБА ЛИГА

И младите „металци“ ќе излезат на Јадранот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени 1999 година и помлади ќе бидат дел од премиерното издание на јуниорската лига на АБА, која сезонава почнува со десет екипи кои ќе бидат поделени во две групи.

објавено: 26 октомври 2017 - 18:26

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени 1999 година и помлади ќе бидат дел од премиерното издание на јуниорската лига на АБА, која сезонава почнува со десет екипи кои ќе бидат поделени во две групи.

„Сино-белите“ ќе бидат дел од турнирот кој ќе се одржи во Белград во периодот помеѓу 24 и 26 ноември на кој ќе настапат уште и Црвена звезда, Мега Бемакс, Морнар и Цибона.

Другата група ќе се игра во Загреб во истиот период, а во неа силите ќе ги одмерат Партизан, Цедевита, Игокеа, Будуќност и Олимпија.
Завршниот дел од првата сезона во јуниорската лига на АБА ќе се одржи во Лакташи (БиХ) во дополнително одреден термин, а на него пласман ќе обезбедат по две најдобри екипи од двата полуфинални турнири.
Составот на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде предводен од Небојша Ѓуковиќ, а во него ќе настапат поголем дел од играчите кои се вклучени во работата на вториот тим во Втората лига.

Најново во Кошарка