МЗТ СКОПЈЕ ЗАСИЛЕН НА ГОСТУВАЊЕТО НА БОСФОРОТ

И Пенов на помош во Истанбул

Репрезентативецот Игор Пенов е дел од составот на „металците" на гостувањето во Турција...

објавено: 8 септември 2017 - 14:00

Соочени со отсуство на капитенот Мaрко Симиновски, а во последен момент и неговиот колега од репрезентацијата Адем Мекиќ, стручниот штаб на МЗТ Скопје се одлучи на гостувањето во Истанбул да поведе уште едно репрезентативно име.
Имено, во играчкиот ростер на „сино-белите" е вклучен и Игор Пенов.

Довчерашниот играч на Карпош Соколи, претходно и на гевгелиски Кожув, и МЗТ Скопје, важи за потенцијално засилување на тимот кој сега го предводи Александар Тодоров. Па присуството на овој турнир беше драгоцено и за првиот тренер на „металците", пред се да провери како високото крило би се вклопил во работата со другиот дел од тимот кој беше креиран во текот на летото.
Пенов е без договорна обврска откако не ја продолжи соработката со Карпош Соколи, а од клубот од Аеродром најавија дека приоритет во преодниот рок ќе им биде ангажирање на играч на позицијата „пет".
Останува да се види дали во наредниот период раководството на македонскиот првак и учесник во АБА лигата и официјално ќе го „потврди присуството" на високото крило во ростерот на екипата за сезоната 2017/2018.

 

Најново во Кошарка