КАРПОШ СОКОЛИ КАКО „ОТСКОЧНА ДАСКА" ЗА СТРАНЦИТЕ

И Вркиќ не се враќа кај „соколите"

Еден од најдобрите играчи во составот од Карпош, кариерата ќе ја продолжи како играч на францускиот Нантер.

објавено: 13 август 2017 - 16:40

„Играј добро во Карпош Соколи и направи уште подобар трансфер".

По ова некое „мото" се случуваат работите во текот на ова лето.
Најголем дел од странските кошаркари кои лани настапуваа за нашиот претставник во АБА конкуренцијата, пронајдоа уште подобри „места за работење".
Прв „нога потегна" Доминик Мавра, кој по играњето за „соколите" стигна до договор со екипата на Хувентуд, за која настапува нашиот Ненад Димитријевиќ.
Недолго потоа пак, Србинот Драган Зековиќ потпиша договор со Стеауа од Букурешт. А Американецот Кендрик Пери играњето во нашата Прва лига и квалификациите за ФИБА Лигата на Шампионите го смени со она во едне од најдобрите унгарски клубови, Солнок.


Последната новина пак е дека ниту Зоран Вркиќ ќе продолжи со играње за Карпош Соколи.
Хрватското крило кој беше еден од најдобрите во составот на „сино-жолтите", но поради повреда не ја доигра историската сезона, постигна договор со еден од најдобрите клубови во Франција, Нантер.
Од оној странски персонал кој го имаа стручните тимови во клубот од Карпош, во Скопје остана, барем засега, само Драган Лабовиќ, додека пак сосема непозната е судбината на Душан Кнежевиќ и Дарко Чомагиќ.
„Играј во Карпош Соколи и проодај се во Европа"...
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка