ОХРИЃАНИ НИКАКО ДА ПОБЕДАТ ВО АБА-2 ЛИГАТА

И Зрињски дојде во Охрид и со замина со два бода за Мостар

Уште една иста приказна во Охрид. Уште една примена „стотка“ (89:100)...

објавено: 24 јануари 2018 - 17:55

Уште една иста приказна во Охрид.
Едно слабо прво полувреме, влегување во длабока негатива, а потоа обиди тој двоцифрен и висок минус да се анулира.


Такво беше изданието на кошаркарите на АВ Охрид и во дуелот со екипата на Зрињски.
АВ Охрид – Зрињски 89:100 (21-25; 27-34; 24-22;17-19)

Мала промена носи фактот дека нашиот претставник имаше нешто подобар почеток (во однос на некои претходни мечеви), дека во првиот период заостануваше само четири поени (21:25).


Но се поинаку беше во вториот во кој ја снема одбраната на охридскиот состав. Примија домашните кошаркари дури 34. поени, за водство на тимот од Мостар од сигурни (59:48).
Најдобар период во играта на домаќинот беше оној од 24. до 29. минута во кој избранициоте на тренерот Петар Чочороски негативата од 15. поени (78:63), со серија (9-1), иницирана од младиот Глигоријевиќ, ја „симнаа" на достижни (72:79).

Но тоа беше само еден добар момент, затоа што Зрињски за кратко време ја врати стандардната разлика до 15. поени (90:75), како што стоеше на семафорот во „Билјанини извори" по 33.минути игра.

За разлика од некои други мечеви, на овој освен Рос (24) и Јунаковиќ (25), двоен број на поени реализираа уште и Јанески и Зимиќ - двајцата по 13. 

 

 

Најново во Кошарка