КОНЕЧНО, И ЕФИКАСНО И КОРИСНО

ИМ ОЛЕСНА ВО ЛАКТАШИ: МЗТ „оживеа", ја изненади Игокеа

МЗТ Скопје се „исправи" за двата по ред порази, и на тешкото гостување ги освои првите гостински бодови (108:99).

објавено: 16 октомври 2017 - 22:47

Уште една револверашка средба одиграа кошаркарите на МЗТ Скопје во новата сезона од АБА лига. Но за разлика од псолендите две изданија, во Лакташи сето тоа го валоризираа со триумф. И тоа како важен, за„враќање во нормала", во нешто што им беше преку потребно на „металците" во овој, за нив и тоа како, турбулентен вовед во сезоната.

Во „Лакташи" одиграа и ефикасно и корисно, се заедно победнички
Игокеа – МЗТ Скопје 99:108 (20-27; 37-36; 22-16; 20-29)
По водството, сосема солидно по десет минути игра, МЗТ Скопје им дозволи комплетно враќање на домашните кошаркари. За брзо време стигнаа до нерешени (36:36), па Александар Тодоров мораше да го „сече" тој налет на Игокеа со „тајм-аут".


Но Дамјан Стојановски беше во неверојатна серија. Едноставно македонскиот репрезентативен брк не знаеше да утен. Ги погоди сите шест шута од поле (4.4 за два и 2.2 за три поени). И беше иницијатор на уште една ефикасна игра на МЗТ Скопје.
Впрочем, „металците" имаа одлична реализација во шутот, која освен Стојановски, ја креираа и младиот Бугарин, Минчев и искусниот Хрват Лалиќ (двајцата по 12. поени).
Проблеми, и тоа сериозни имаше повторно тимот од Аеродром во одбраната. Особено против двајцата Американци во тимот од Лакташи.
Дорел Рајт го примора Пенов на три „брзи лични" (за осум минути во игра)
Довчерашниот НБА играч собра 16 поени (седум од линијата за слободни фрлања), исто колу и неговиот сонародник, на првата бековска позиција.
А во 20. минути игра „паднаа" дури 120 поени. Но нашиот шампион имаше шест повеќе од босанскиот.
Игокеа – МЗТ Скопје 57:63!!!


По нешто повеќе од пет минути играње во Лакташи беше (69:69). Но Шибалиќ и во вториот по ред напад ја погоди и втората тројка, и донесе водствот за Игокеа (72:69), па ледуваше нова реакција на Тодоров.
Неуспешна, затоа што тројкашкото шоу го продолжи и Рајт, за веќе солидни (75:69) во корист на домашниот тим. Следуваше сино-бела серија од седум поени, за ново гостинско водство (76:75). Но до истекот на тој дел од играта се беше усмерено кон нерешен скор.
Така беше и по три одиграни четвртини (79:79).
Егал беше резултатот (89:89) и по првите три минути од последната, а Бејли беше четвртиот играч на македонскиот првак кој ја премина границата од десет реализации.
Но Минчев беше изненадувањето за домашната игра. Позајмениот играч од Фенербахче го имаше скоро на сите делови од теренот. Кога Стојановски подзастана со поентирањето, бугарскиот интернациналец знаеше да собира и т.н. „отпадоци", и да ги претвора во поени.

Во последните три минути се влезе со скор (95:93) и 29. поен до феноменалниот Дорел Рајт.
Трајковски не искористи две ситуации, прво две слободни фрлања, а во следната акција направи и фаул во напад, па Игокеа казни за ново минимално водство (99:98).


Ама Трајковски беше тврдоглаво упорен, погоди за три, потоа истото го направи и Стојановски. Па пред последните 33. секунди, МЗТ водеше со (104:99). Проба преку своето најсилно оружје. Но Рајт како да беше заморен од преголемото форсирање.

Американецот не погоди кога тоа му беше потребно на домашниот состав. Гостинскиот го одбрани тој последен напад, па сега тимот од Аеродром дише многу полесно. Има 50% на успешност, две победи и два порази, пред следниот предизвик, гостувањето на Цибона во Скопје. 

Најново во Кошарка