ЗА РАЗЛИКА ОД ЕВРОЛИГАТА

Има „прозори“ во календарот на АБА

Македонските репрезентативци кои ќе бидат членови на МЗТ, нема да имаат проблем да го носат дресот на националниот тим.

објавено: 11 јули 2017 - 10:00

И некоја добра вест која оди во корист на ФИБА а е во корелација со оаа своевидна „војна“ која Светската кошаркарска федерација ја води против компанијата „ЕЦА“ организатор на Евролигата и Еврокупот.  

Пред се затоа што календарот на АБА јадранската лига е направен така што ќе има пауза во периодите кога репрезентациите ќе имаат обврски во квалификациите за Светското првенство.

А тоа индиректно значи дека македонските репрезентативци кои ќе бидат членови на МЗТ Скопје, нема да имаат проблем да го носат дресот на националниот тим.

Инаку, на седницата на Собранието на АБА лигата беа донесени и уште неколку одлуки. Како онаа која вели дека нов претседател на АБА лигата е Небојша Човиќ од Ц. звезда, а потпретседатели ќе бидат Игор Додик од Игокеа и Домагој Чавловиќ од Цибона.

Освен тоа, клубовите од АБА ја потврдија потребата за формирање втора АБА-лига, за која има голем интерес кај доста клубови. Договорено е стартот на таа лига да биде веќе во сезоната 2017-2018. Овој проект треба да придонесе за развој на кошарката на овие простори, а во најскоро време, по разговорите со претставниците на клубовите во следните десетина дена, ќе се одредат критериумите според кои ќе се влегува во таа втора АБА-лига. Детали и календарот за втората АБА-лига ќе се донесат на наредната седница на собранието на АБА, закажана за 24 јули.

Најново во Кошарка