И покрај поразот, Николиќ верува во кошаркарите

„Јас го прифатив тимот и ќе пробам да го издигнам“

Новиот стратег на Карпош Соколи, Драган Николиќ за кратко време очекувано не успеа да направи чудо. Српскиот интернационалец по поразот од ФМП верува дека ќе успее да го врати победничкиот дух и покрај тоа што следат уште потешки натпревари. 

објавено: 7 ноември 2016 - 21:17

Карпош Соколи го забележа осмиот пораз во низа. Новиот стратег, Драган Николиќ со оглед на краткото време минато со кошаркарите не успеа да направи драстични промени во играта на „соколите“. Причината за поразот ја гледа во одбраната...

„Дојдовме во Белград да играме против ФМП, но не успеавме да го сопреме Човиќ. Јас прифатив да бидам тренер на оваа екипа и ќе пробам да ја издигнам, иако ни следи тежок распоред", изјави по мечот, Драган Николиќ.

Според капитенот на Карпош Соколи, Игор Пенов, неговиот тим немал среќа, а падот на концентрацијата во клучните моменти им донел нов пораз.

„Им честитам на кошаркарите на ФМП за победата. Немавме среќа, на крајот ни падна концентрацијата и не успеавме да дојдеме до првата победа", изјави Игор Пенов.

Најново во Кошарка