СИНИША МАТИЌ СЕ ЗБОГУВА СО „СОКОЛИТЕ“ - ГОСПОДСКИ

Карпош Соколи беше една навистина убава приказна!

„И после се, од тука си заминувам со високо подигната глава. Пред се поради сето она што заеднички го направивме во овој период, за време на моето присуство тука, за оној просперитет кој клубот од Карпош го доживеа под моја 'команда' ".

„Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот, пред се затоа што и тука, во Македонија стекнав одлични пријатели. Имав господски дочек, а исто така и испраќање. Не е фраза, се разделивме како вистински пријатели и мислам дека такви и ќе останеме".

објавено: 5 ноември 2016 - 13:00

Синиша Матиќ повеќе не е дел од екипата на Карпош Соколи. Тренерот кој ги донесе најдобрите резултати во историјата на клубот од Карпош, како она играње во финалето на купот на Македонија, и влезот во полуфиналето на плеј-офот, едноставно кажано не ја „преживеа" ситуацијата која ја наметнаа резултатите. Пред се оние во новите натшреваривања во кои „соколите" за прв пат дојдоа до шанса и да ги играат.
Се чини дека тој „излез" на повеќе фротнови, односно освен оние домашните, беше и превисоак пречка за Матиќ, но и раководниот тим на Карпош Соколи за работите да се постават на едно место.
И дека она „формирање на тимот во неколку фази" придонесе да влезат во една ситуација која најчесто се решава со непосакуван епилог, предвремена разделба, каква што потпишаа Синиша Матиќ од една и Карпош Соколи од другата страна.
Српскиот стручњак и на заминување од Скопје, од Македонија, се обиде да ги најде причините зошто сето тоа испадна токму така.
Основната е дека Карпош Соколи едноставно не беше доволно подготвен да одговори на „барањата" кои со себе ги носи пријавата за место во Јадранската лига.


„За разлика од минатата година, во оваа сезона тргнавме со подготовките на 15 август, и кога немавме никаква информација за тоа дека постои можност Карпош Соколи да игра во АБА Јадранската лига. Половина од екипата беше веќе креирана, но за да го нападне врвот на табелата во македонската Прва Лига.
Можам слободно да кажам дека АБА лигата бара едно, дури и две нивоа на квалитет кој ние го имавме во тој момент. А кога веќе 'излеговме' на пазарот, згора на тоа со лимитирани финансии, и преголеми амбиции, мислам дека и предоцна влеговме во таа фаза на формирање на тим. Дури ни тогаш, па веројатно и сега, останавме без вистинска 'петка', но и втор плејмејкер. И беше просто невозможно да се биде рамноправен со оние тимови кои ги има во АБА лигата"-смета Матиќ.

 

Вториот битен момент според Матиќ е неможноста да се пронајде и соодветно квалитетни играчи за натпреварувањето кое бара токму таков „кадар". А и од оној постоечкиот, кој исто така морал да биде променет.

„На сето претходно кажано, мора да се надополниме и со неадекватниот избор на позицијата 'четири'. Со кошаркар чии играчки и човечки катактеристики се далеку од добри, доаѓаме до уште една слична констатација дека имавме тотално неадекватен тим за тој степен на натпреварување. Подоцна решивме да ја исправиме селекцијата на играчи. Но свесни сте и вие кои ја следите кошарката и оваа домашната, но и европската дека во овој дел од сезоната 'пазарот' на квалитетни играчи е доста ограничен, т.е. сиромашен. Тоа дополнето со невоиграноста на тимот, придонесе проблемите по нас сите во екипата да продолжат. Затоа и обично овој вид на импровизации најчесто завршуваат на еден ваков начин".

 

Не заборава Матиќ да каже дека против себе Карпош Соколи го имал и крајно лошиот распоред во АБА лигата, но и дека во некои ситуации, среќата не била на нивната страна.

„На тоа, исто така мора да се забележи, дојде и оној навистина тежок распоред во кој имавме дури четири гостувања во првите шест кола, како и влегување во серија на порази И да не заборавам, на сето ова се надоврзуваат и два порааи буквално остварени на 'една топка' ".
Седум кола во АБА лигата со исто толку неуспеси беа и премногу, дури и за ваков и тоа како „проблематичен период" во кој живееја и работеа „соколите".

За Матиќ сето тоа е една колективна, а не индивидуална одговорност,на сите во клубоТ.

„Навистина не чувствувам некоја преголема одговорност за актуелната состојба.Затоа и на играчите при разделбата со нив, им порачав дека и покрај најдобрите наши намери, сите заедно, јас, тие, раководството, сите ние сме виновни за оваа ситуација во која е сега Карпош Соколи. Можам да кажам дека беше многу малку време да го реализираме она што навистина сакав . И дека после се, од тука си заминувам со високо подигната глава. Пред се поради сето она што заеднички го направивме во овој период, за време на моето присуство тука, за оној просперитет кој клубот од Карпош го доживеа под моја 'команда'.

Посебно го истакнува односот кој го креирал со своите најблиски соработници, па и со раководниот тим на клубот во кој одработи една и пол сезона.

 

„Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот, пред се затоа што и тука, во Македонија стекнав одлични пријатели. Имав господски дочек, а исто така и испраќање. Не е фраза, се разделивме како вистински пријатели и мислам дека такви и ќе останеме.
Кога сме на оваа 'тема', би го потенцирал мојот однос со нашиот клупски доктор, Горан Андонов.
А на посебно место би го поставил мојот асистент Борче Даскаловски, кој покрај тоа што е исклучителна личност, човек, е и извонреден стручњак. И дека напредокот на македонската кошарка треба да се базира токму на такви луѓе. А повеќе од сето тоа, Борче е еден сериозен, вреден соработник, и над се искрен пријтел.
И на крајот едно големо благодарам на Огнен Дедиќ, кој се покажа како исклучително карактерен човек. Пред се фајтер, и личност на која можев да се потпрам во целото мое време поминато во Карпош Соколи. Затоа можам слободно да кажам дека мене, на Синиша Матиќ, Карпош Соколи ќе ми остане во навистина убаво сеќавање, и за мене е една навистина убава приказна. И секогаш со големо задоволство ќе доаѓам тука, во Македонија да бидам во друштво на пријателите кои ги стекнав на ова место, а дефинитивно, не се во мал број" - порача Матиќ.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка