„Соколите“ со еден странец помалку

Карпош Соколи со „шут карта“ за Ричардс

Рајан Ричардс веќе е минато за тимот на Карпош Соколи. Британецот кој требаше да биде големо засилување за „карпошовци“ не ги исполни очекувањата на клубот.

објавено: 22 ноември 2016 - 11:00

Рајан Ричардс повеќе не е дел од тимот на Карпош Соколи. Британецот кој вчера не се најде во составот на дуелот со Црвена Звезда доби „шут карта“ од челниците и стручниот штаб на клубот.

Ричардс дојде како големо засилување во таборот на „карпошовци“, но не ги исполни очекувањата. Крилниот-центар одигра четири натпревари во АБА-лига и имаше просек од шест поени.

Британецот кој имаше краток престој во Скопје, во таборот на Карпош Соколи дојде на местото на проблематичниот Американец, Лемонт Мек.

 

Најново во Кошарка