Имаа се во своите раце „металците". Плус од осум поени на 80 секунди до крајот. Но сето тоа го прокоцкаа во регуларниот дел, дозволија Хоџиќ да им даде осум поени, да го однесе натпреварот во екстра период. А таму останаа без вистинска шанса.
За тотално разочарување кај нивниот млад тренер, Ѓорѓи Кочов:
„Како што и очекувавме зад нас е еден исклучително тежок натпревар. Домаќините успеаја во третата четвртина да се вратат, а нам ни успеа да го направиме истото, и да дојдеме до водство од осум поени. А потоа се случи нешто што не смее да си го дозволиме. Примивме две брзи тројки, следуваше продолжение во кое одлучија две игри, два напади. Честитки за Сикст Приморска за прикажаната игра и за борбеноста"- кратко искоментира првиот тренер на „металците" по овој шокантен пораз (84:91) на гостувањето во Словенија.