МЗТ СКОПЈЕ ПРЕД НОВ АБА-2 ПРЕДИЗВИК – ЛОВЌЕН ОД ЦЕТИЊЕ

Кочов: Дојдете да нѐ бодрите, ветувам, нема да бидете разочарани!

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром пред една недела пропушти голема шанса да се врати славенички од најтешкото гостување во АБА2-лигата, што воедно е дополнителен мотив пред вечерашната пресметка на домашен терен со Ловќен, закажана за 19 часот во СЦ „Јане Сандански".

објавено: 17 октомври 2018 - 12:00

Несреќниот пораз против Сикст Приморка веќе е архивиран и сите мисли во МЗТ Скопје се насочени кон составот од Црна Гора против кого ќе се обидат да ја продолжат онаа да ја кажеме, победничка низа во дуелите кои досега ги одиграа во СЦ „Јане Сандански" во регионалното натпреварување.

За потсетување, МЗТ Скопје лесно и убедливо победи против Хелиос и Борац Чачак, па на истото „сино-белите" се надеваат и против црногорскиот претставник, во овој случај, екипата на Ловќен од Цетиње.
Екипа, која како што најавува првиот тренер на „металците", Ѓорѓи Кочов, во никој случај не е за потценување, напротив...

„Станува збор за екипа која никако не смееме никако да ја потцениме. Очекувам од моите играчи влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува".

Веќе неколку пати младиот тренер на клупата на МЗТ Скопје бара (ше) помош од публиката. Истото го посакува и вечерва...

„Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо значење за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да нѐ бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање" - порачува Кочов.

Инаку, Црногорците со минимална победа над Рогашка (72:71) ја почнаа сезоната во АБА2, по што следеа два порази во низа. Прво од Сутјеска (71-81) на гости, а потоа и против Спарс (68:74) на домашен терен.
Билетите за дуелот против Ловќен се веќе пуштени во продажба, и тоа по цена од само 50 денари.

Најново во Кошарка