„МЕТАЛЦИТЕ“ СПРЕМНИ ПРЕД СТАРТОТ НА АБА 2 ЛИГАТА

КОЧОВ: Можеби МЗТ презема ризик, но кадарни сме

„Презадоволен сум од она како успевме да скроиме ростер за оваа сезона, костурот од лани гo задржавме. Имаме континуитет на тоа што го работиме, ангажиравме четири странци, од кои пред се беше пред да ги донесеме е нивниот карактер, важно е и играчкиот квалитет.

објавено: 26 септември 2018 - 13:20

МЗТ Скопје Аеродром е подготвен да тргне во ново „пловење“ на Јадрснот, макар и она подалечното кое се нарекува АБА 2 лига или конкуренција.

Македонскиот вицепрвак очекува сезона подобра од ланската, макар и без конкретно поставени цели.

Ги презентира првиот тренер, Ѓорѓи Кочов, за кого ова натпреварување не е ништо послабо во осднос на она кое го играа до лани.

„Презадоволен сум од она како успевме да скроиме ростер за оваа сезона, костурот од лани гo задржавме. Имаме континуитет на тоа што го работиме, ангажиравме четири странци, од кои пред се беше пред да ги донесеме е нивниот карактер, важно е и играчкиот квалитет.

Презадоволен од начинот кој го одработивме периодов, како функционираме, од самите услови од управата, се што ми беше потребно, можеби не само за АБА, туку и за Евролига. Се стремиме кон тој правец, преовладува мислење дека Аба 2 лигата е слаба, дека можеби нема звучни имиња, сепак има 4-5 екипи квалитетни, оние од Словенија, потоа Чачак.

Одиме да биеме битка на два фронта, можеби МЗТ презема ризик, но кадарни сме, младите ги подигнавме на едно ниво, може не за АБА лига, но сигурно за македонската. Покажавме почит и кон репрезентацијата во периодот кога имаше претквалификации и Македонија требаше да победи на тие два меча.

Почеток е на АБА 2 лигата, немаме конкретни информации за Хелиос, но гледајќи го нивниот стил на играта, станува збор за тежок ривал. Цврсти во одбраната, со пик ен рол играчи, мислам дека токму од нас ќе зависи, како ќе реагираме. Апел до сите навивачи да дојдат, потребна ни е поддршката, а ние да дадеме се од себе"- смета Кочов пред утрешниот меч.

Оној од 19.часот во СЦ „Јане Сандански“ каде гостува словенечкиот претставник, Хелиос од Домжале 

Најново во Кошарка