ЗАДОВОЛСТВО КАЈ ТРЕНЕРОТ НА „МЕТАЛЦИТЕ"

КОЧОВ: Оваа екипа покажа дека има карактер!

Ѓорѓи Кочов го истакна карактерот на неговата екипа која на овој премиерен меч во АБА 2 лигата беше лишена од услугите на репрезентативецот Љубомир Младеновски.

објавено: 27 септември 2018 - 21:09

Ѓорѓи Кочов го истакна карактерот на неговата екипа која на овој премиерен меч во АБА 2 лигата беше лишена од услугите на репрезентативецот Љубомир Младеновски.

„Честитки за моите кошаркари за пожртвуваноста и карактерот во текот на сите 40 минути. Но, и на моите помошници кои подготвија одличен скаутинг, иако по првата четвртина не изгледаше баш така, за потоа работите да дојдат на своето место. Младеновски дојде со температура на натпреварот, затоа и имавме проблеми на 'низок пост' и примавме доста кошеви од тие позиции.
Сепак, ова беше прв посериозен меч во сезоната, претходно игравме доста, но со домашни екипи. Покажавме карактер, сите кои добија шанса покажаа дека се карактерни.
Ова е само слика што работиме она на тренингот. Да не беше оној грч во онаа прва четвртина, ќе беше полесно"- коментираше Кочов по првиот успех во новата сезона од АБА 2 лигата.

Иве Иванов пак мораше да одигра повеќе минути од планираното. Јасно поради отсуството на Љубомир Младеновски.

„Ја почнавме првата четвртина малку нервозно, Но во втората направивме пресврт и дојдовме на плус од три разлика, што беше одлично за нас ако се земе в предвид како 'изгледавме'. Во вториот дел ја спуштивме 'рачната', игравме многу поедоставни напади и заслужено победивме“- истакна силниот Хрват во почетната петорка на МЗТ Скопје.

Најново во Кошарка