МЗТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ПРОМЕНИТЕ

Коматина е следниот, дали на местото на „мајсторот"?

Милош Коматина го заврши својот престој во романскиот Темишвар и е пред реализација на договор со македонскиот првак.

објавено: 4 февруари 2018 - 19:15

Алексеј Нешовиќ беше првото ново име во составот на МЗТ Скопје по оној „резил-меч" со Петрол Олимпија, а многу брзо, во „Јане Сандански" би требало да дојде уште еден играч кој би требало да биде засилување за тимот пред оној втор дел од обврските – домашните.

Милош Коматина, како што неофицијално дознава „Спортмедиа" од извори блиски на клубот од Аеродром, за некој ден треба да се појави во Скопје, и да го потврди и официјално договореното со нашиот најдобар клуб во изминатите шест сезони.
Станува збор за еден доста корпулентен, снажен играч, висок 206 сантиметри, кој во изминатиот период беше дел од романскиот прволигаш Темишвар.
Но играч кој има и доста акумулирано искуство со настапи во АБА Јадранската лига.
Искусниот 33. годишен Црногорец (инаку роден во Сараево, исто како и Алексеј Нешовиќ), во текот на кариерата бил дел од екипите на Будуќност од Подгорица, потоа и Игокеа од Александровац (во два наврати), а играч и за бугарскиот Черно море, претходно и Приморје од Херцег Нови, Здравје од Лесковац и Тамиш.

Оние кои ги следат приликите во нашиот шампионат, ќе се сетат дека пред неколку сезони, Коматина беше и на „пробна работа" во Работнички, но не ги задоволи барањата на стручниот штаб предводен од Марин Докузовски, и не доби договор од раководството на „црвено-белите".
Во оваа сезона со Темишвар засега бил трет скокач и четвртти стрелец во екипата.
А како што сега стојат работите, извесно е дека раководството на МЗТ Скопје ќе мора да направи уште една рокада, односно надвор од ростерот по Доминик Мавра (заминува за Литванија), да биде уште еден кошаркар.
Со оглед на тоа дека Коматина важи за играч кој ја покрива позицијата „4" за очекување е дека вишок во вој тим на МЗТ Скопје може да испадне Ѓорѓе Мајсторовиќ. Еден од оние кои играат малку, но не и според очекувањата на стручниот тим кој го предводи Жељко Лукајиќ.

 

Најново во Кошарка