„СОКОЛИТЕ“ ОСЛОБОДИЈА УШТЕ ЕДЕН СТРАНСКИ ИГРАЧ

Крај на престојот во Карпош за Пејџ

„Сино-жолтите" утринава тргнаа за Србија, поточно кон Белград, каде во сабота навечер ги чека дуелот со Партизан со обид да ја „унапредат" играта и победата реализирана во дуелот со Морнар, но без американскиот бек.

објавено: 6 јануари 2017 - 12:00

Новитет во однос на тие 40 добри минути кај Карпош Соколи ќе биде појавувањето на Филип Шепа, кој ќе ја засили конкуренцијата на позицијата „2", макар што по потреба искусниот Србин може да ги преземе организаторските обврски во екипата која ја предводи Драган Николиќ.
Нов момент во тимот е што понатаму ќе продолжи без помошта на Џејшон Пејџ, кому му завршија договорните обврски спрема клубот.


За време на својот „престој" во екипата од Карпош, американскиот бек и не играше баш премногу. Настапи на само четири средби во АБА лигата во кои собра само 35 минути, а во кои реализираше по 2.8 поени и по „половина" скок, односно асистенција.
Има и еден меч во БИБЛ лигата на кој за 17 минути. И таму со скромен ефект од два поени и една асистенција.
Но, со оглед на тоа дека „соколите" ги имаат Доминик Мавра и Кендрик Пери на плејмејкерската позиција, односно Дарко Шепа и Дарко Соколов на една повисоко, односно „двојката", тоа нема да биде и премногу забележливо во наредниот период во кој „карпошовци" го бркаат опстанокот во регионалното натпреварување.

Најново во Кошарка