ЛОШИ ВЕСТИ ЗА КАРПОШ СОКОЛИ

Крај на сезоната за Вркиќ!

Снимката со „магнетна резонанца“ покажа „кинење" на предните вкрстени лигаменти на левото колено кај хрватскиот интернационалец, што бара оперативен зафат и подолга рехабилитација.

објавено: 6 февруари 2017 - 15:15

Мечот со екипата на ФМП дел од 21. коло во АБА лигата беше и последниот за Зоран Вркиќ како играч на Карпош Соколи.
Причината е болна, сериозна повреда која хрватскиот интернационалец ја доби за време на дуелот со„лименките" од Железник. Односно кога во текот на втората четвртина при едно дефанзивно движење падна на паркетот, и остана да лежи подолго време.
За да биде ситуацијата уште посериозна, снимките кои ги направи лекрскито тим на Карпош Соколи покажаа дека станува збор за веројатно „најмодерната" повреда во овиј момент која постои во професионалниот спорт, особено во кошарката, кинење на предните вкрстени лигамени на коленото. Во овој случај, левото.

„За жал снимките ги потврдија нашите сонежи. Станува збор за сериозна повреда која бара и оперативен зафат. Тоа значи дека го загубивме Зоран Вркиќ на подолг временски период" - велат лекарите на Карпош Соколи.

Сериозен удар и за амбициите на тимот од Карпош особено ако се земе в предвид дека во овој втор дел од сезоната, играат како препородени.
Победата против ФМП беше деветта за „сино-жолтите", која ги носи во „мирно море" на Јадранот. А освен тоа, по лошиот почеток во БИБЛ лигата, стигнаа до ТОП 8 фазата во ова натпреварување.


Вркиќ ги одигра сите 21 мечеви од АБА лигата на кои во проске реализираше по 11.8 поени, 5.2 скока и 2. асистенции за скоро 28. минути во игра.
Настапи и на девет средби од Лигата на Балканот на кои неговиот ефект е изразен преку 10.8 поени, 4.4 скока и 1.8 асистенции за 27.2 минути прoведени на паркетот.

Најново во Кошарка