МЗТ СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОСИЛЕН

Лалиќ е алката која недостасуваше

„Се надевам дека на престојните две средби во Софија ќе успееме да почнеме со неговото вклопување во екипата"- појаснува предводникот на „сино-белите" за аnnгажманот на високиот Хрват.

објавено: 11 септември 2017 - 14:30

По дводневниот одмор, „сино-белите" кошаркари, денеска и утре ќе тренираат во салата „Јане Сандански" а ден подоцна ќе заминат кон Бугарија на пријателски средби со прволигашите од оваа земја, Левски и Лукоил Академик.

За разлика од гостувањето во Истанбул, „сино-белите" ќе бидат посилни за хрватскиот центар Јуре Лалиќ, кој во меѓувреме се согласи на нов договор со македонскиот шампион.
Колку ангажманот на високиот Хрват ќе го крене квалитетот на играта на шампионот?

Јасно беше уште пред заминувањето за Турција дека таа позиција ќе треба брзо да биде пополнета. Средбите таму, а посебно полуфиналето, каде противникот имаше дури 50 скокови наспроти нашите 38, покажа дека таков профил на играч ни е неопходен. Со Лалиќ имавме контакти веќе две-три недели, во меѓувреме тој дури одби и една понуда на екипа од Македонија и тој беше нашиот таргет број 1 за таа позиција. Се надевам дека на престојните две средби во Софија ќе успееме да почнеме со неговото вклопување во екипата"- појаснува предводникот на „сино-белите".

Тодоров е задоволен од виденото на турнирот во Истанбул, особено што тоа беа првите „контроли" за новиот тим.

„Како за први натпревари, сметам дека покажавме компетитивност. Односно дека имаме компетитивна екипа. Нормално, ги видовме и проблемите и предностите кои ќе ги имаме во претстојната сезона. И тоа е нешто на кое ќе обрнеме внимание во тренинзите во наредниот период. Во секој случај, задоволен сум што можевме да одиграме контроли со два силни тима, на еден турнир организиран на високо ниво. Веќе добивме покана и следната година да бидеме дел од истиот. Планирано е следното издание да го направат со шест екипи. И МЗТ да биде меѓу нив"-дополнува Тодоров.

Најново во Кошарка