ЗА МАЛКУ...

Лалиќ во „идеалните три" во последното АБА коло

На хрватскиот центар во дресот на МЗТ Скопје му недостасува(ше) само еден индексен поен за да биде најкорисен во 22. последна рунда од Лигата на Јадранот.

објавено: 13 март 2018 - 15:15

МЗТ Скопје одигра уште еден лош натпревар во АБА конкурецијката за среќа, за оваа сезона, последен. Но затоа пак, барем според оној поединечен ефект може да се пофали дека има играч кој ја одбележа оваа последна рунда од регионалното натпреварувaње, барем според оние „голи бројки".

За ефектот против Морнар на дуелот во Бар (22.поени,11.скока), Лалиќ собра 31.индексен поен. Или само еден помалку од Морган Џордан (Петрол Олимпија) односно Доминик Артис (Игокеа).
Впрочем, и погледот на онаа вкупна тимска статистика вели дека високиот Хрват имаше и најстандардни игри во текот на оваа сезона за заборав на МЗТ Скопје во АБА јадранската лига.
Ја заврши со просечни 13.2 поени и 5.7 скока, за просечни 24.минути поминати на теренот на вкупно 21. натпревар во сезоната

Најново во Кошарка