Лут е тренерот на МЗТ Скопје

Лукајиќ: Многу сме меки - Стојановски вели слабо браниме пик-ен-рол

Многу сме меки на паркетот, а така не се победува, вели тренерот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ по поразот од Будуќност со 42 поени разлика. Слична е изјавата и на Дамјан Стојановски, со акцент на лошата игра во одбраната

објавено: 11 февруари 2018 - 21:22

Многу сме меки на паркетот, а така не се победува, вели тренерот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ по поразот од Будуќност со 42 поени разлика. Слична е изјавата и на Дамјан Стојановски, со акцент на лошата игра во одбраната.

„Милина е да ги гледаш кошаркарите на Будуќност. Не можевме повеќе вечерва. Бевме премногу меки. Затоа сум лут. Таквиот пристап е недозволен“, изјави Лукајиќ.

Тој нема рецепт како да ја размрда екипата и се наоѓа пред отказ, но и играчите си имаат своја вина.

„Игравме лошо во одбраната. Особено лошо браневме пик-ен-рол игра на домаќините. Ни претстои многу работа, ако сакаме да бидеме подобри во натпреварите што следат во домашното првенство“, вели Дамјан Стојановски.

 

Најново во Кошарка