НИШТО НОВО НА ЈАДРАНОТ, МЗТ ТОНЕ СЕ ПОДЛАБОКО

ЛУКАЈИЌ: Не се откажуваме, но мораме да го поправаме впечатокот

„Нема да се откажеме, но според мене сега е најважно да се свртиме кон првенството во Македонија и да се обидеме да го поправиме впечатокот. Уверен сум дека моите играчи знаат да играат, но мораат да се подигнат физички и да се покаже повеќе срце во одбраната".

објавено: 30 декември 2017 - 08:30

МЗТ Скопје впиша уште еден убедлив пораз во АБА лигата. Ако сметаа дека гостувањето во Задар може да биде пресвртница во сезоната, дефинитивно „металците" се излажаа.

Напротив, прикажаа уште една бледа игра. Имаа само седум-осум минути во втората четвртина (кога повлече Бугариот Минчев), какви што треба да бидат во текот на сите 40.
Па на крајот сублиматот вели дека оние (105:80) за се подобриот Задар се не само реален приказ на настапите „Под Вишњик" туку многу повеќе од тоа.
Тренерот Жељко Лукајиќ се уште бара објаснувања зошто ова излгеда токму вака – лошо,непрепознатлив МЗТ во двете насоки, и во нападот и во одбраната.
Но тешко се доаѓа до одговорот...

Му честитам на Задар на заслужената победа и добрите резултати оваа сезона. Тоа го заработија спортски и со своето однесување на теренот. Сите на теренот го дадоа својот придонес. Ние имаме свои проблеми. Имавме голем и промени во составот и некои повреди. Но треба да се биде реален и да се каже дека Задар е подобра екипа.
Нема да се откажеме, но според мене сега е најважно да се свртиме кон првенството во Македонија и да се обидеме да го поправиме впечатокот. Уверен сум дека моите играчи знаат да играат, но мораат да се подигнат физички и да се покаже повеќе срце во одбраната.
Драго ми е што атмосферата во Задар е вистинска, кошаркарска, на која сме навикнати со години"- истакнува Лукајиќ.

И Марко Симоновски мораше да им честита на домашните кошаркари за убедливиот триумф.

„Ние лошо го отворивме натпреварот. Доста конфузно одигравме во нападот, а не бевме ниту доволно борбени во одбраната. Тоа домаќинот мудро го искористи. Овој резултат е само последица на сето тоа. Атмосферата во салата беше фенонемална и можам да ги поздравам задарските навивачи"- реше Симоновски по уште една „сино-бела" хаварија на Јадранот.

Најново во Кошарка