ПОРАЗОТ ВО ПОДГОРИЦА И ПОРАКА ЗА ОНИЕ ПОНЕИСКУСНИТЕ

ЛУКАЈИЌ ПРЕДУПРЕДУВА: Младите треба да се угледаат на своите врсници од Будуќност, ако сакаат да направат нешто во кариерата

„Претежно разговарав со младите играчи. Се обидов да им укажам на тоа дека мораат да имаат однос спрема играта каков што имаат младите играчи на Будуќност. Секако ако сакаат да направат нешто во своите кариери. А потенцијал имаат"- кажа тренерот на „металците" по случувањата во подгоричка „Морача".

објавено: 12 февруари 2018 - 13:00

Како и на некои претходни мечеви во АБА лигата, така и на овој последниот, одигран во „Морача" во Подгорица, по неговото завршување тренерот на МЗТ Скопје Жељко Лукајиќ имаше што да им каже на своите соиграчи.

Пред се како што потенцира, на оние помладите, пред кои се уште многу вакви натпревари во кои треба да акумулираат искуство потребно за понатамошниот тек на нивната кариера како кошаркари.

МЗТ Скопје доживеа уште еден АБА дебакл, макар како делумно оправдување за оние (62:104), може да им послужи податокот дека во Подгорица недостасуваше скоро „половина тим". Но евидентно беше дека и противникот не форсираше „стонастотно" за тоа оправдание да биде и во целост издржано.
Како и да е овие последни мечеви во сезоната ,стручнитотим се обидува да ги искористи за поголем број на минути на оние кои би требало да останат во Аеродром уште неколку сезони.
Но засега, тоа не носи ефект, барме според анализата на Лукајиќ дадена по дуелот со еден од топ-фаворитите за титулата во АБА Јадранската лига.

„Не зборував со играчите за поразот, туку за односот спрема играта. Претежно разговарав со младите играчи. Се обидов да им укажам на тоа дека мораат да имаат однос спрема играта каков што имаат младите играчи на Будуќност. Секако ако сакаат да направат нешто во своите кариери. А потенцијал имаат" - кажа Жељко Лукајиќ по уште еден пораз на МЗТ Скпје, депримирачки во секој поглед за сите оние кои (сеуште) го следат МЗТ Скопје.

Најново во Кошарка